ВРЕДИ: Ја отстранивме ДУИ како најголем загадувач на животната средина, сега на ред се ПМ10 честичките!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДУИ, партијата која две децении го држеше животот на граѓаните како заложник на својата неспособност и корумпираност, денес се осмелува да критикува и лицемерно да се претставува како бранител на животната средина. Оваа партија, која ги управуваше државните институции и ја загрози иднината на нашите граѓани, сега зборува за „итни акции“ и „грижа за здравјето“, велат од ВРЕДИ.

„Но прашањето е – каде беа тие изминативе 20 години? Тогаш не беше ли време за итни акции и грижа за здравјето? Тогаш за што беше време? За коцкарници, за трговски центри?

Додека беа власт, Министерството за животна средина неколкупати беше управувано од кадри на ДУИ. Цели 12 години. Што направија? Оставија депонии во Тетово, Кичево, Струга – вистински еколошки бомби кои и денес го загадуваат воздухот, водата и почвата. Ова е нивното наследство – загадување, негрижа и корупција. Оставија депонии низ цела држава. Не решија ниту едно круцијално прашаење за заштита на животната средина.

ДУИ не се грижеа за граѓаните ниту како власт, ниту сега како опозиција.

Нивната реакција е ништо повеќе од евтин обид за манипулација и дефокусирање од нивната одговорност. За разлика од нив, Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, под раководство на Изет Меџити, веќе презема конкретни чекори за решавање на долгогодишните проблеми што ги остави ДУИ.

Додека беа на власт ДУИ промовираа смешна зелена агенда. Али Ахмети и Артан Груби да дадат одговор каде се плодовите на нивната зелена агенда.

Кој имаше добивка од нивната зелена агенда?

ДУИ владееше со Министерството за животна средина од 2011 година, до 2023 година. Тоа се цели 12 години. Од нивните 12 години резултатие се нула, и не се споредливи со сето она што е превземано во нашите само 5 месеци.

Во време кога болниците се полнат со граѓани кои страдаат од последиците на загадувањето, Владата работи на зајакнување на мониторингот на квалитетот на воздухот и ќе инвестира во чисти енергетски решенија.

Додека ДУИ создаваше депонии, денес се работи на чистење и затворање на истите и се работи на проекти за имплементација на модерни системи за управување со отпад.

ДУИ нема легитимитет да зборува за животната средина, бидејќи нивните 20 години власт го докажаа спротивното. Граѓаните знаат кој е одговорен за кризата што ја наследивме, но исто така знаат и кој сега работи на вистински решенија.

Грижата за здравјето на граѓаните е приоритет на оваа Влада, а оние што оставија хаос, депонии и корупција ќе одговараат за своите дела – пред граѓаните и историјата“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.