Во петтата Изборната единица е тешко да се победи поради недостатокот на лидер – ова го изјави пратеникот на ВРЕДИ, Беким Ќоку во Дејли клик.
-Во ИЕ5 нема моќни политички фигури, односно харизматични, како Биљал Касами во Тетово, Изет Меџити во Чаир или Арбен Таравари во Гостивар. Во отсуство на моќен лидер таму и во отсуство на политичко-административни ликови како на општините, тешко се добиваат изборите. Така што секој што би бил носител на листа од опозицијата тешко би се соочил со петте општини кои ги имаа ДУИ, кои ги држеше ДУИ, се уште ги има ДУИ во ИЕ5, вели Беким Ќоку од ВРЕДИ.
Од друга страна Ќоку смета дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговата харизма биле еден вид магла и матна вода за Албанците во Македонија.
-Али Ахмети, неговата харизма беа еден вид пепел, магла, матна вода за сите работи за Албанците во Северна Македонија. Со заминувањето на Али Ахмети сега и на ДУИ, помалку или повеќе се расчистија работите, се расчисти ситуацијата и излегоа на виделина многу проблеми кои се реално тука. Што и останува на ВРЕДИ, во недостиг на харизматична фигура, со популизам и празни зборови како и бескрајни ветувања направени во името на една харизма, на еден партиски татко, ни останува да видиме, вели Беким Ќоку од ВРЕДИ
Инаку во Изборната единица 5 на последните парламентарни избори ЕФ освои 4 пратеника, а ВРЕДИ еден.
