„Време е системот да добие име“ – За ист предмет, различни пресуди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За ист предмет во различни судови се носат различни пресуди, како е можно тоа?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ни одговори министерот за правда Никола Тупанчески.

„Имавме ние реален проблем, 2014 година ако не се лажам, кога имавме еден посебен закон во едначување на судската практика, за одредување на видот и висината на казната што на крајот не доведе до апсурдни резултати. Што ми е поентата? Секој предмет е приказна за себе. Два исти предмети, не се исти предмети“, вели Никола Тупанчески.

Посочи дека доста е од флоскули дека системот е виновен.Според него, истиот мора да добие име.

„Најчест одговор на ова прашање е дека проблемот е системски. Системот треба да добие име, конкретизација. Доста со такви флоскули дека системот е крив за тоа што ни се случува. Системот е апстракција, го сочинуваат луѓе и различни закони“, додава Никола Тупанчески.

Доаѓа период каде што тоа што треба да не загрижува е бројот на судии кои што треба да одат во пензија“,вели Тупанчески.