Времето денеска облачно со повремен дожд, особено во јужните делови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Македонија времето ќе биде облачно, со повремен дожд особено во јужните делови од земјата.

Наутро магливо по котлините. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 5, додека дневните максимални од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со можности за врнежи од дожд и температури од 1 до 8 степени.