Врнежи од пороен карактер во следните денови – еве какво време нѐ очекува идната недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч).

Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа).

До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.