Врнежи од снег со променлив интензитет, -18 моментално на П. Шапка – ова се останатите теператури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови повлажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата.

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка-5Струга-6Кочани-8
Страцин-6Ресен-10Делчево/
Куманово/Крушево-10Смојмирово-8
Маџари-5Кичево-6Струмица-3
Тетово-4М.Брод-6Велес/
П.Шапка-18Буково-9Неготино-3
Гостивар-9Ѓавато-12Д.Капија-3
Стража-12Плетвар-10Удово-4
Маврово-13Пресека-11Гевгелија/
Дебар-8Железнец-7Кула-6
Битола-8Штип-4Петровец-5
Прилеп-8Сарамзалино-3  
Охрид-11Павлешенци-5  

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ:

Од 13:30 часот укината е забраната за движење на товарни возила на планинскиот превој „Барбарас“.

Од 13:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан.

Од 13:00 ч се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

ЗАБРАНИ ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА:

На патниот правец Р2248 помеѓу с.Ранковце и с.Герман поради обилни врнежи на снег е воведена забрана за сите видови моторни возила.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ (воведени од 13.02.2021):

На планинскиот премин Плетвар има забрана за тешки товарни возила.

Од 08.30 часот на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Од 19.30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 18:10 часот се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

             СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.