Врнежите ја загадија водата во Гостивар, никако не ја пијте!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, попладнево преку известување соопшти дека водата не е безбедна за пиење.

Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.

Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.

„Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање“, стои во известувањето од ЈП „Комуналец”.

Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.