Втор изборен ден во Македонија, гласаат затвореници, болни и изнемоштени лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Денеска е втор ден од парламентарните избори. Меѓу другите, денеска гласаат затворениците, лицата во притвор и оние кои се во домашен притвор. Според Избирачкиот список право на глас имаат 1.657 вакви гласачи-јавува репортерката на ТВ21.

Екипата на ТВ21 го посети затворот во „Шутка“ за да види како тече гласачкиот процес. Според информациите на членовите на Изборната комисија, гласањето се одвива без проблем, затворениците доаѓаат еден по еден за да го остварат своето право на глас. Првин гласаа лицата во притвор, а потоа и осудените. Детали околу гласањето даде Ирина Ашиковска-Здравевска, потпретседателка на Општинска изборна комисија.

Според Избирачкиот список на ДИК, најмногу гласачи има во КПУ „Идризово“, „Шутка“ и во штипскиот затвор.

-Затвор „Идризово“ – 854 гласачи
-Затвор „Шутка“ – 216 гласачи
-Затвор во Штип – 205 гласачи

Во другите затвори и поправни установи има помалку пријавени избирачи.

Според протоколот на ДИК, гласачките ливчиња на затворениците ќе бидат исправени во општините од каде доаѓаат, а ќе се пребројуваат утре кога ќе заврши гласањето. Во затворот во Шуто Оризари, правото на глас го оствари и Боки-13, кој е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“.