Со цел да се активираат ранливите групи и невработените лица на пазарот на трудот, со поддршка на Европската Унија, пред неколку месеци беше претставен проектот „Втора шанса“. Целта е оние граѓани кои не можеле да завршат средно образование или имаат потешкотоо при вработувањето, да го добијат ова бесплатно. Исто така, планирани се и бесплатни обуки на различни полиња.
„Досега се пријавиле 151 лице. Над 80 имаат потпишано договори за продолжување на образованието. Бројот на лица кои ќе бидат предвидени со оваа мерка, се обезбедени 200 слободни работни места. Што значи тоа? Тоа значи дека Агенцијата за вработување ќе ги покрие сите трошоци до дипломирање. Сите оние невработени лица кои ќе ја добијат оваа диплома, дипломата ќе важи за сите државни институции и ќе се смета за завршување на четиригодишен циклус, односно завршување на средното образование“, вели Беким Мурати.
Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија, најави дека во соработка со компаниите обезбедуваат обука на кадри и често се случува тие граѓани да останат на тоа работно место.
Што се однесува до дефицитот на стручен кадар, недостигаат најмногу професори, градежници и електротехничари.
„Инженерите, професорите по информатика се идентификувани како дефицитарни кадри во нашиот систем. Многу брзо ќе имаме недостиг од кадар во однос на професори по природни предмети како што се професори по физика, хемија, биологија и сл“, додаде Беким Мурати.
Главната цел е да се намали невработеноста преку вклучување на специјализирани програми и услуги за развој на вештини на ранливите групи. Доколку некој од граѓаните одбие да се вработи, ќе биде исклучен од системот на Агенцијата за вработување во следните 12 месеци.
