Второто полугодие одложено за 1 февруари, причина здравјето на учениците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стартот на второто полугодие се одлага за 10 дена. Наместо на 20 јануари, учениците од средните и основните училишта со наставата ќе продолжат од 1 февруари. Ова доаѓа по предлог на Централниот кризен штаб, за кој Владата на синоќешната седница даде зелено светло.


-Со предлогот на Министерството и заедно со Владата, но беше барање на Координативниот кризен штаб – второто полугодие да почне на 1 февруари. Значи беше поднесено на координативен состанок кој се одржа од координативниот штаб.
И Комисијата за заразни болести вчера одржа состанок, но не излезе со конкретен предлог за одложување на почетокот на второто полугодие. Министерот Шаќири, вели дека една од главните причини за оваа одлука е заштита на здравјето на учениците, наставниците и семејствата, вели Јетон Шаќири министер за образование.

-Мислам дека според трендовите што ги следиме, бројот може да опадне до 1 февруари. Пред 1 февруари, таму некаде кон крајот на неделата ќе направиме анализа, ќе имаме уште еден владин состанок и ќе видиме. Во моментов сме во процес на реализација на годишните програми кои имаат свои календари и предвидени рокови за почеток и завршување на учебната година. Надоместувањето на деновите кои ги изгубивме може да се направи со Бирото за развој на образованието.
Инаку, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела најмалку заразени се регистрирани кај возрасната група од 0 до 9 години, односно 209 случаи, реќе Шаќири.