Вучевиќ во посета на Македонија – ќе биде потпишан меморандум за соработка во енергетиката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска ќе ја посети нашата земја, придружуван од владина делегација. На Вучевиќ ќе му биде приреден прием од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

Според информациите од владината прес-служба, во текот на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери, по која следува пленарна средба на двете делегации. По овие состаноци, ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија и Министерството за рударство и енергетика на Србија.

На крајот на посетата е предвидена и заедничка прес-конференција со Мицкоски и Вучевиќ.

Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе се сретне и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии и српски компании кои делуваат во Северна Македонија.