Вучиќ: Дора Бакојани, срам да ти е!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва се огласи по повод препораката за приемот на Косово во Советот на Европа.

Тој упати порака до Дора Бакојани, главната известувачка за Косово во Советот за Европа, која имаше улога земјата да добие препорака за прием во Советот. Пленарната седница ќе се одржи на 18. април.

„Што се однесува до Дора Бакојани, само сакам да и кажам едно – срам да ти е за тоа што го направи. За другите не смеам да кажам како знам, а добро знам кој даде налог да се откажете од принципите и така да се однесувате. Некои имаат кичма во меѓународната арена, а други немаат“, истакна Вучиќ.

Дора Бакојани за македонската јавност е позната во долгогодишниот спор со името со Грција, како тогашна министерка за надворешни работи. Во 2007 година таа излегла со предлог за решавање на името со географска одредница.