Вучиќ го распушти Собранието на Србија – предвремени парламентарни избори на 25 октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври 2026 година.

Одлуката ја образложи со општествените тензии и политичките несогласувања, предупредувајќи дека одложувањето на изборите може да го загрози проектот ЕКСПО и демократијата во земјата.

Распуштањето на Собранието следи откако Владата на 7 септември го прифати предлогот на премиерот Ѓуро Мацут за негово распуштање.

Во меѓувреме, студентите во Србија повеќе од една година бараат одржување предвремени парламентарни избори.