Вучиќ: Надлежните државни органи ќе го пронајдат одговорниот за трагедијата во Нови Сад

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е сигурен оти надлежните државни органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја снајде Србија.

Во Претседателството на Србија, Вучиќ уште еднаш им изрази сочувство на семејствата на загинатите во Нови Сад.

Во петокот 14 лица загинаа, а тројца беа тешко повредени кога врз нив падна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.