Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва од Абу Даби најави дека во Србија ќе стигне нова фабрика за вакцините на „Синофарм“, во соработка со УАЕ и со Кина.
„Од 15. октомври ќе имаме големи количини на вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мораме, макар и по цена на чинење, да му дадеме и на регионот“, рече Вучиќ.
„Тоа ќе биде гринфилд фабрика, за вакцините на Синофарм, која ќе ја градиме заедно со УЕА и со Кина во Србија“.
Претседателот на Србија нагласи дека е среќен и не очекувал дека волку брзо ќе постигне договор.
„Нема да имаме големи технички проблеми затоа што тука е најголемиот експерт кој работеше за Кинезите, а сега е задолжен и да се спроведе во УАЕ“, изјави Вучиќ.
Вучиќ најави дека со тоа ќе ги добијат и големите сили, кои и натаму имаат проблеми со набавка на вакцините.
