Српскиот претседател Александар Вучиќ, истакна дека не се точни информациите дека францускиот претседател Емануел Макрон барал од него да воведе санкции против Русија.
„Србија има своја позиција на која е горда. Никој не може да ја уценува Србија. Велат Макрон ме уценувал да воведеме санкции на Русија, но тоа не е точно. Имав пријателска средба со Макрон и задоволен сум од средбата“, рече Вучиќ.
Вучиќ кажа дека српскиот народ ќе биде нападнат во следните месеци, но дека со сите сили ќе бранат за да го сочуваат угледот на земјата.
