Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од Охрид изјави дека „Отворен Балкан“ е иницијатива од луѓе кои сфаќаат дека мора да се поврзуваат.
„Ова е наша иницијатива, иницијатива од луѓето од Балканот, оние кои сфаќаат како мора да се поврзуваат и сами да ги решаваат проблемите. Се што направивме, и во економијата и се што е важно за граѓаните во односите меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Немаме билатерални отворени прашања, немаме никакви барања кон никого, освен да бидеме пријатели и да работиме во корист на граѓаните“, рече Вучиќ.
Според него оваа иницијатива е добра идеја која ќе има се повеќе „фанови“.
„Важно е да се формираат работни групи веднаш, или на следниот состанок за кој предлагам да биде во јужна Србија пред големиот самит кој го имаме во Белград на крајот на летото“, рече Вучиќ.
