Вучиќ по гласањето во Србија: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на избирачите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Вучиќ порача дека неговата политичка опција ќе го прифати исходот од изборите во Србија, без разлика дали ќе победи или ќе загуби. Носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ го даде ова ветување по гласањето во Нов Белград, каде што на избирачкото место се соочи со голема редица.

Вучиќ пристигна да гласа заедно со сопругата Тамара, а поради гужвата чекал околу два часа пред да го оствари своето избирачко право.

„Како што секогаш сум велел, на изборите можете да победите и да изгубите. Ние секогаш ќе се однесуваме одговорно, ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на избирачите, ако победиме, никој нема да ни ја одземе победата и тоа е сè“, изјави Вучиќ по гласањето.

Тој, кој е на власт 14 години, настапува како носител на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, поврзана со Српската напредна странка.

Осврнувајќи се на значењето на изборите, Вучиќ оцени дека граѓаните одлучуваат за идната насока на државата. Според него, Србија избира меѓу продолжување кон иднината и враќање во периодот што го поврза со спорни приватизации, економско разорување и политичко понижување.

„Србија денес избира во која насока ќе оди, дали во иднината или во минатото, во времето на грабежните приватизации, економското разорување на земјата, политичкото понижување и на нацијата и на целата држава“, рече Вучиќ.