реклама
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација.
Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти.
реклама
Тој рече дека Европскиот совет на пат што ќе биде долг ќе оцени колку кој направил од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.
– За нас приоритетна обврска е да се формира ЗСО согласно претходните обврски од дијалогот, рече Вучиќ.
реклама