Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе воведат директни санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС).
Вучиќ на седницата на српската влада изјави дека тоа ги става во тешка положба.
„Следат проблеми со рафинеријата, петрохемиските и другите наши гиганти, во суштина со опстанокот на економијата“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека се поставува прашањето зошто САД сега воведуваат санкции и дека ќе кажат дека тоа е насочено против Русите и финансирањето на нивните воени напори, но дека тоа не е така.
Дали е тоа обид за дестабилизација на нашата земја, нема да обвинувам никого, но секако дека ја става нашата земја во тешка позиција“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека ќе разговара со Кристофер Хил, американскиот амбасадор и дека претходно разговарал со американскиот секретар за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандез.
Тој рече дека ќе имаат рок од 30 дена да ја проценат состојбата, мора да донесат одлука до 15 февруари, а дека 15 март е краен рок да се реши се.
Тој побара од српската влада да формира два тима, едниот за гасниот аранжман, а другиот за НИС.
