За 12 дена 6 граѓани биле каснати од кучињата скитници – општина Тетово ветува стационар првите три месеци од 2024 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само во првите 12 дена во новата 2024 година во Тетово 6 граѓани биле каснати од кучиња скитници, покажуваат податоците на СВР-Тетово. Ветеринарот Рами Селмани вели дека со намалувањето на температурите ќе се зголеми и бројот на каснувања бидејќи на кучињата скитници им недостига храна и во овој период кучињата стануваат поагресивни.

„Ова претставува голем проблем во Тетово, бидејќи веќе година и пол не се работи во Тетово и дојде времето на нивно парење и во оваа време ја покажуваат нивната агресија и стануваат многу агресивни. Напаѓаат луѓе бидејќи немаат храна, поради тоа тие стануваат двојно или поагресивни, не гледаат дали е дете или возрасен, тие напаѓаат секој што ќе им излезе напред“, вели Рами Селмани.

Според Селмани, во Тетово има од 800 до 1000 кучиња скитници, а оваа прашање може да се реши само со сериозен пристап.

„Врз основа на последната статистика, станува збор за 800 до 1000 кучиња скитници , решението е лесно. Само треба да постои волја и треба повеќе волја кај тие кои се одговорни за оваа прашање и треба да се преземе сериозна акција а не само празни зборови“.

Општина Тетово во 2024 година предвидела 4 милион денари за изградба на стационар, а според Бесар Дурмиши, тендерот треба да се објави во јануари.

„С ега ќе почнат постапките за тендерот, заинтересираните страни треба да аплицираат, да се изгради стационар за кучиња скитници во 2024 година“, порача Бесар Дурмиши.

Касами на новогодишното обраќање, по 16 месеци призна дека не знаел каде отишле кучињата кои ги третирала здружението Амос Пет.

„Работиме да имаме стационар за кучиња скитници во 2024 година, бидејќи беше главен проблем откако ги отстранивме од улица и немавме каде да ги испратиме. Бидејќи здружението што го доби тендерот не даваше информации каде ги праќа и иако имаше информациите биле дека дел од нив се испраќаат во странство, имале договор за семејства во странство“, вели Биљал Касами.

Иако општина Тетово во 2023 година издвои 3 милиони денари за лекување на кучињата скитници, во текот на годината што ја оставивме зад нас во Тетово не беше лекувано ниту едно куче скитник. Податоците покажуваат дека за 12 дена имало 6 каснувања.