Со калдрма крпена со асфалт.
Ова е улицата која води до детската болница во Козле. Веќе две години градоначалникот на Карпош ветува дека ќе ја санира. ТВ21 неколку пати известуваше за оваа улица, а од општина Карпош одговараа дека поради влажното време работите не се започнати. Што рече градоначалникот Стефан Богоев во 2019.
И во 2020 рече дека се неповолни временските услови.
Дојде пролет 2021, но промени на подобро нема.
„Денеска е 3 мај, 2021, температурата е 21 степен. Иако имаше ветувања за тоа кога ќе се стопли времето ќе се санира и улицата до детската болница во Козле,такво нешто не се случи“, вели репортерот на ТВ21.
Контактиравме и со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, тој сега со друг одговор.
„За улицата постои договор за меѓуопштинска соработка меѓу општина Карпош и Град Скопје. Градот наскоро ќе започне да гради“, вели Стефан Богоев.
Инаку оваа улица е многу фреквентна, бидејќи околу 100 деца дневно одат на преглед во болницата за белодробни заболувања кај децата, во Козле. Оваа улица за која има ветувања веќе 3 години, е долга само 500 метри.
