За 24 часа починаа 12 лица, најмладиот 27 годишен од Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

1085 лица новозаразени бележиме за само 24 часа, а починати се 12 лица. Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19.