Повеќе од еден починат на секој час. Нов црн корона рекорд донесе денешниот биланс за последните 24 часа. 35 лица ја загубиле битката со коронавирусот во Македонија, сите биле хоспитализирани.
- 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54)
- 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г)
- 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г)
- 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г)
- едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г).
- Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 514 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.
