„Со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Собранието, се отвора ново поглавје во развојот на јавниот универзитет на албански јазик“, соопшти ВЛЕН, додавајќи дека со овие измени УМТ ја унапредува својата академска структура со Правен факултет, Економски факултет и Факултет за хуманистички науки.
Од ВЛЕН велат дека истовремено се зајакнува меѓународната димензија на универзитетот преку зголемување на можностите за мобилност и конкурентност на европскиот пазар на труд.
„Оваа одлука ги зајакнува институционалните капацитети на универзитетот, ја проширува академската понуда и создава нови можности за албанските студенти и за сите млади луѓе кои избираат својата иднина да ја градат преку знаење и квалитетно образование.
Преку овие измени, Универзитетот „Мајка Тереза“ ја унапредува својата академска структура со Правниот факултет, Економскиот факултет и Факултетот за хуманистички науки, претворајќи се во уште посилен центар за високо образование, научно истражување и професионален развој.
Истовремено, се зајакнува меѓународната димензија на универзитетот преку усогласување на академските стандарди и издавање дипломи на албански, македонски и англиски јазик, со што се зголемуваат можностите за мобилност и конкурентност на европскиот пазар на труд.
ВЛЕН останува посветен на тоа образованието да биде еден од главните столбови на националниот развој. Инвестицијата во Универзитетот „Мајка Тереза“ е инвестиција во нашата младина, во знаењето, професионализмот и иднината на Албанците во Северна Македонија.
24 години се зборуваше за унапредување на високото образование на албански јазик. Денес, за 24 месеци со конкретни одлуки, градиме посилни, пофункционални институции и подобро подготвени за предизвиците на иднината“, изјавија од ВЛЕН.
