По четиригодишно демнење и закани на социјаните мрежи неодамна и на новинарката Катериана Синадиновска и бил хакиран фб профилот. Вели дека ги игнорирала секојдневните закани додека не дознала дека заканувачот имал пристап до огнено оружје. Во момнетот кога ја добил тужбата прекинал со заканите.
„Цели осум дена траеше битката за да си ја вратам контролата врз мојот ФБ профил, што беше предмет на хакерски напад. Нема да откривам детали за истрагата околу нападот, оти пријавен е секаде каде што треба и дома и надвор, но драго ми е што видов една одлучна акција од самиот ФБ, со која што во истиот момент нападот беше спречен, а денеска и прецизно детектиран“, истакна Катарина Синадиновска.
Ана Колева која беше една од девојките на кои им беа злоупотребени личните податоци во случајот „Јавна соба“ е охрабрување за многу личности го доживуваат истото, да пријават, да споделат, но како што вели таа, тоа не доволно, бидејќи се уште се плашат, се срамат. Според Ана, хакерските напади се насилство за кое помалку се зборува.
„Кога веста се прошири насекаде добив многу пораки на Инстаграм од девојки, жени повозрасни дури, кои споделуваа случки такви слични, исти како мојата и тоа не од сега, туку од претходно години години наназад“, вели Ана Колева.
Доколку пријавите хакирање на меил или фејсбук профил во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР, ќе ви одговорат дека ако има само хакирање на профилот, а нема злоупотреба на лични податоци, не можат да превземат ништо, бидејќи никој не ви е виновен што не сте го заштитителе доволно профилот или сте споделиле доброволно податоци кои се бараат при пријавување. Или поедноставно кажано, тоа е исто како да сте му го кажале некому пинот од картичката за банкомат, а пријавувате злоупотреба.
„Препорачуваме корисниците да користат комплексни лозинки со повеќе карактери, големи и мали букви и бројки, да внимаваат со кого споделуваат фотографии и видео материјали, поради фактот што истите може да бидат злоупотребени од страна на трети лица“, велат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Но, никако да не се молчи велат доколку постои: оштетување или неовластено навлегување во компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, загрозување на сигурноста.
Министерството за правда формираше работна група која подолго време работеше на измените на Кривичниот законик каде се вметнати нови кривични дела по кои органите ќе можат да постапуваат при случаи како тој со Јавна Соба.
„Со новото кривично дело „Демнење“, каде што се предвидува дека тој што истрајно неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, велат од Министерството за правда.
Овие измени се веќе во Владина процедура. Законот би требало да биде донесен до крајот на месецов или почетокот на едниот.
Граѓаните своите Пријави може да ги достават директно до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, преку официјалната е-маил адреса, Единицата за економски и копјутерски криминал при СВР – Скопје како и во најблиската полициска станица во местото од кое што доаѓаат.
