Расте интересот за самопопишување. Само во последното деноноќие се попишани повеќе од 20.000 македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство, вели Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Најголем одзив има во Швајцарија, Германија и Италија, а помал број во САД, и Австралија. Вкупниот број на тие што се попишале на веб апликацијата до утринава во 9 часот е 121.580.
„Сите обиди за потикнување на бојкот и разни иницијативи „не отварам врата“ и слично тоа се постапки кои треба да се занимава некој друг. Во законот прецизно е наведено што значи попречување и потикнување на бојкот и потикнување да не се учествува во пописот. Но сигурни сме дека кај населението ќе преовлада здравиот разум и чуството за потребност и итност да се спроведе пописот и да се добијат овие неопходни податоци“, истакна Јасмина Ѓоргиева.
Во меѓувреме, продолжуваат подготовките за реализација на пописот што ќе се одржи во земјава од 1 до 21 април. Државниот завод за статистика го објави списокот на пријавени кандидати од третиот конкурс за реонски попишувачи низ општините.
„Одлужувањето не е опција цело време, апсолутно цело време повторуваме затоа што оваа е широка операција за која се рабооти месеци наназад, презвемени се сите мерки и сите ангажирани се сите капацитети на државата“, посочи Душко Арсовски.
Инаку пописот почна на 1 март со дијаспората. Во оваа фаза се попишуваа дипломатите и нивните семејства кои живеат надвор од земјата, лицата во казнено-поправните установи и во воспитно-поправните установи, припадниците на Армијата на РСМ и бездомните лица. Другите граѓани што не спаѓаат во овие категории од населението ќе треба да се попишат во периодот од 1 до 21 април.
