Жителите на Исланд во последно време се будат поради честите потреси. Повеќе од 20 илјади потреси се случиле во јужниот дел на Исланд во изминатата недела, тресејќи го главниот град Рејкјавик и држејќи ги геолозите на ногата, затоа што сите знаци упатуваат на очекувани ерупции на вулканите, извести исландската метеоролошка канцеларија во четвртокот.
Овој „маратон“ на потреси продолжува и со сеизмичките активности почнати на 24. февруари кога потрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер, ја затресе областа на 32 километри од Рејкјавик. Епицентарот бил далеку од населена област, со што не е забележана штета.
Поголемиот дел од потресите кои следеле потоа, биле мали, а само два биле над 5 степени. Сепак, жителите на главниот град чувствуваат потреси, а некои се будат со нив, додека други се навикнаа.
Професорот за вулканологија Торвалдур Тордарсон, вели дека нема место за грижа.
Во минатото вакви потреси, се претходници на вулкански ерупции. Со тоа, во идните денови би можело да ги активира петте активни вулкани на полустровото Рејкјанес.
Ако се активира било кој вулкан од оваа облааст, ерупциите се очекувани, и со нив може да се управува. Вулканите доживуваат „пулсирање“ на активностите на секои 800 години, а последен пат тоа се случило меѓу 11 и 13 век.
„Време е за уште еден ерупскиски циклус на Исланд“, додаде Тордарсон.
Потенцијални ерупции би требало да бидат мала закана за жителите. Такви ерупции би изгледале како онаа во 2010 година на вулканот Ејафјалајекул во 2010 година кога на небото испрати пепел повеќе од девет километри, со што присили стотици лица да се евакуираат, а европскиот авионски сообраќај бил во прекин на шест дена.
