Приведен албански државјан, при претрес на граница пронајдена дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од МВР информираат дека синоќа во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го привеле Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.

Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.