Маричиќ ексклузивно: За Иловица, не гледам причина Владата да донесе одлука различна од претходната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Маричиќ, министерот за правда во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше и за случајот „Иловица“. Имено, владата донесе одлука за раскинување на договорот, но Судот го врати назад на повторно одлучување, и сега Владата не треба да донесе поинаква одлука, вели министерот Маричиќ.

„Во делот на Владата мислам дека брзо ќе се осигурате. Ако Владата во првиот случај донела таква одлука, не гледам да донесе различна одлука, ако случајот е вратен на повторно одлучување. Сепак, треба и министерот за економија, премиерот кој го знаат случајот подобро да кажат. Но тоа е мое мислење“, рече Маричиќ кој истакна дека судовите мора да бидат транспаренти, и истакна дека секогаш вели дека има и политичко и бизнис влијание во судството, кои се подеднакво опасни.

„Не сакам никого да обвинам за случајот со Иловица. Тешко обвинување е да кажам дека има политичко влијание. Јас сум сигурен дека ќе се донесе одлука во интерес на граѓаните, ќе се донесе вистинска одлука која беше донесена и претходно и ќе се разјаснат сите околности“, вели минисерот за правда.

Целата изјава за случајот Иловица низ видео: