За изборите во Бугарија се гласа и во Македонија – Радев: Преговорите со ЕУ не зависат од новата Влада, туку од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарија избира парламент и претседател. Од рано утрово редица за гласање и пред Амбасадата во Скопје.

„Од утрово, избирачкото место беше отворено во 7 часот, интензивно се гласа сите кои ги гледате позади мене, немаме никакви проблеми до овој момент, ги почитуваме сите епидемиолошки мерки кои се неопходни, граѓаните си чекаат, нема притисок и до моментов сум задоволна“, посочи Мигена.

Граѓаните очекуваат по третите избори конечно Бугарија да добие Влада.

„Сакаме резултат. Да има Влада и Претседател. И да нема кавги. Да има подобар живот, ама со работа, а не само пари од ЕУ, пензионери бедни, а другите, големите пари ги нема“, вели граѓанин.

Кандидатот за претседател, Румен Радев по гласањето пред медиумите рече дека преговорите со Европската унија не зависта од новата Влада во Бугарија, туку од самата Макеоднија.

„Клучот за почетокот на преговорите на РСМ за члентво во ЕУ е во усогласеноста на правата на македонските бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата, прекинување на процесот на бугаризација, прекинувањето на експериментите за уништување и фалсификување на илјада летното бугарско историско наследство и почетокот на преговорите нема да зависи од новата Влада и новиот парламент. Најповеќе ќе зависи од самата РСМ која треба да ги преземе соодветните дејствија“, посочи Румен Радев.

Радев додава дека преку дијалог меѓу двете земји, а не со лобирање преку Европскта унија ќе се изгради искрени пријателски и добрососедски односи кои ги очекуваат луѓето од двете страни на границата.

Во Македонија се гласаше во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип. На Балканот најголем број избирачки места за бугарските избори имаше во Турција – 126.

Вкупно 24 партии, коалиции и иницијативни комитети, имаат кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија. По се изгледа дека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21 ноември кога треба да се одржи вториот круг. За првпат немаше предизборна дебата за претседателските избори во Бугарија.