За која болница зборува премиерот? „Наплаќа 12.000 евра за третмани за Ковид, да беше вонредна состојба ќе предложевме национализација“, рече Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зоран Заев вечерва во „Клик Плус“ ги коментираше информациите дека една приватна болница наплаќа 12 илјади евра за лечење на заразени од Ковид со трансплантација на крвта.

Тоа според Заев е неприфатливо, и дека да било вонредна состојба, ќе била предложена национализација барем во овој период.

„Не можам да прифатам дека 12 илјади евра е лечење со трансплантација на крвта во некоја од здравствените институции. Да беше вонредна состојба, ќе предложевме национализација“, рече Заев.