За Мерко постои сомнеж за 30 кривични дела – Лога: Добро е да се освестат и да преземат политички последици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата на Јавното обвинителство изврши вонреден надзор врз работата на Основното јавно Обвинителство Струга и Вишото обвинителство Битола, при што се разгледани 30 предмети за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, поради сомнежи за кривични дела. Основното обвинителство Струга води 4 предмети, а има и две пред истражни постапки почнати во 2021 кои се поврзани со конкретни проекти во општина Струга.

Обвинителството за организиран криминал работи на 5 предмети, меѓу нив е и набавката на автомобили за општина Струга.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работни на вкупно 5 предмети (2 во РО и 3 во КО уписник). Меѓу нив е и предметот со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија.“, велат од ЈО.

Министерот за правда, Кренар Лога, за ТВ21 рече дека Рамиз Мерко и сите тие кои се на црната листа на САД, би било добро да се освестат и да преземат одговорност.

„Вистина е дека тој има мандат, но истотака вистина е дека од моралната страна е изгубен кредибилитетот за вршењето должност во Струга. Сметам дека г. Мерко и сите тие кои се наоѓаат на таа листа, треба да се освестат и да преземат одговорност за политичките и институционалните последици. Најмалку би било тие од позицијата на слободните граѓани да ја докажат нивната невиност“, изјави Лога.

Контролите на Јавното обвинителство следуваат откако Стејт Департманот го стави Рамиз Мерко и неговото семејство во црната листа на САД.
Од Јавното обвинителство исто така велат дека во сите активни предмети против споменатото лице ќе бидат преземени потребните дејствија и ќе се истражат сите околности, а ниту едно откриено кривично дело нема да остане без соодветно кривично гонење.