За пет дена во Тетово се вакцинирале 3 000 граѓани, бројот на хоспитализирани од Ковид-19 значително опаѓа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За пет дена во Тетово се вакцинирале 3 илјади граѓани со кинеската вакцина „Синофарм“. Од Центарот за вакцинација велат дека имаат доволно вакцини, а од денеска на располагање имаат уште 2.100 нови дози. Од понеделник се очекува да се намали возрасната граница, имајќи предвид дека досега се вакцинираа само лицата над 67 години

-Вакцинацијата тече редовно. Од првиот ден до денеска се вакцинирани 3 илјади граѓани. Возрасните групи кои се вакцинираат се над 67 години.

Граѓаните кои дојдоа да ја примат вакцината, апелираат сите граѓани да се вакцинираат, бидејќи како што велат, само на тој начин можеме да ја победиме пандемијата.

-Секој треба да се вакцинира за да се заштити себеси и семејството. Секој треба да дојде и да ја прими вакцината, бидејќи помага за колективното здравје.

-Секој треба да ја прими бидејќи станува збор за светска болест. Треба да веруваме во науката и медицината. Поради тоа секој човек треба да ја прими вакцината.

-Единствената опција за да се заштитиме од вирусот е да се вакцинираме. Секоја генерација треба да се вакцинира, освен децата.

Во Тетово бројот на новозаразени значително се намалува, а околу 20 граѓани се третираат во ковид-центарот при тетовската Клиничка болница. Во Македонија има околу 6 регионални центри за вакцинација, од кои едниот е сместен во Тетово каде се имунизираат граѓаните од Полошкиот регион.