Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека за прв пат во историјата, Македонија добива свој претставник во Ревизорскиот борд на НАТО.
Според него, ова е значаен чекор што ја потврдува растечката улога на земјата во рамките на меѓународните институции и воено-политичкиот сојуз.
„Во мај месец добивме известување дека еден наш вработен е избран во бордот на НАТО. За прв пат во историјата македонски претставник во Ревизорскиот борд на НАТО“, вели Ацевски.
