За само шест месеци: Кривични пријави против 80 лица за дрога и оружје во полошкиот регион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во полошкиот регион за само шест месеци се поднесени 59 кривични пријави против 80 лица. Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во овој период се поднесени 98 барања за поведување на постапка за прекршоци против 130 лица кај кои се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хероин. Освен за наркотици, имало и извештаи за оружје и експлозивни направи. Од оваа причина, СВР-Тетово во последните 6 месеци поднесе 7 кривични пријави против 10 сторители поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“.

Во кривична постапка, во ловечка карабина, пронајдени се и одземени четири ловечки пушки, два пиштоли, 126 парчиња муниција, две рачни бомби, две воздушни пушки, две гранати, дробилката за барут, два оптички двогледи, 91 патрон,78 проектили од куршуми, вреќа барут, чаури,шок бомби и 3047 петарди.

Последниот случај беше минатата недела, каде при контрола во куќата на 29-годишен маж во гостиварско Дебреште, покрај значителното количество дрога, имало и засадени корени канабис што тој го одгледувал кои самиот тој ги одгледувал.

-Пронајдена и одземена е значителна количина марихуана и дигитална вага, како и саксија засадена со корени канабис сатива. Пронајдено е и оружје од непознат калибар и модел. Истите се одземени и задржани за понатамошна постапка, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Последниве денови, полицијата во Тетово е во потрага и по продавачите на петарди. Портпаролот на СВР Тетово вели дека продавачите или корисниците, зависно од штетата, може да бидат казнети со затворска казна до 3 години.