„Тоа е трагичен напад, Виена е во шок. Виена никако не го очекуваше овој терористички напад. Станува збор за напад врз неутрална држава, кон демократијата, напад врз светското население.“.
Ова е Мирсад Муслиу, успешен адвокат во Виена, со потекло од Гостивар.
За ТВ21 тој ги раскажа моментите од терористичкиот напад, кој се случи синоќа во главниот град на Австрија, а и за тоа каква е моменталната состојба.
„Првата населба во Виена е целосно блокирана, нема настава во училиштата, војската стражари пред главните државни објекти, полицијата е во „аларм 1“., вели Муслиу.
Како правник, Муслиу раскажува дека приведените напаѓачи можат да бидат осудени со доживотен затвор.
„Станува збор за убиство за ниски мотиви, за убиство – терористички криминал и овде законот предвидува рамка за санкционирање од 10 до 20 години затвор или доживотен затвор, но јас сметам, од моето искуство, овде нема простор за ограничен затвор, туку само за доживотен.“, рече Муслиу.
Муслиу исто така вели дека е чудно како напаѓачот со потекло од Тетово, веќе убиен, можел да има и австриско и македонско државјанство истовремено, нешто што не е дозволено според австриските закони.
