Во стравична експлозија во хрватскиот град Книн, загина 25-годишно момче, додека две лица од 23 и 25 години и девојка од 21 година и малолетничка се со тешки телесни повреди.
Истрагата од полицијата откри дека смртта на едниот и повредите на другите четири лица биле предизвикани од експлозивна направа, рачна бомба М-75.
До експлозијата дошло на приземјето во една од зградите. Наводно била организирана забава, по што едно од момчињата донело рачна бомба и ја предал на друг.
„Поради нестручно ракување, дошло до несакана активација на рачната бомба и смрт на 25-годишникот“, објави полицијата.
Полицијата и брзата помош веднаш била повикана на местото на настанот, а пристигнале и пожарникарите.
„Добивме дојава за експлозија во стан. Кога дојдовме таму, затекнавме четири лица, од кои едното во безживотна состојбха, и тројца повредени. Полицијата и брзата помош итно интервенирале. Помогнавме на итната помош, затоа што е подрумски стан. Страшно е кога ќе се активира бомба во мала соба“, рече Миран Мареља, командир на Јавната противпожарна бригада на Книн.