Заборавање и замор, пост-ковид симптоми – Лумани: Вирусот влијае врз некој орган, остава и психички последици

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пациентите кои се лекуваат од коронавирус, се соочуваат со многу други здравствени предизвици. Една од пост-ковид последиците е заморот, а честопати слушаме и за проблем со меморијата. Нема речити ниту еден пациент кој го поминал вирусот без да се чувствува изнемоштено и со недостиг на кондиција. Меѓутоа, ова не се единствените последици кои ги остава вирусот, објаснува лекарот Седат Лумани. Ковид-19 влијае врз секој орган, особено сетилата, респираторниот, дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, додава тој.

„Последиците се разни, како овие што ги спомнавте вие. Од централниот нервен систем имаме нарушување на меморијата, односно пациентите немаат јасна меморија. Во периферниот нервен систем имаме забавени рефлекси, сила, односно локомоторниот систем е многу успорен. Капацитетите на респираторниот систем или сатурација, често останува помеѓу максималното ниво. Кај кардиоваскуларниот систем имаме многу брз замор со два, три или пет направени чекори. Значи остава последици врз секој орган, особено врз сетилото за мирис“, истакна Седат Лимани.

Иако медицината ги истражува последиците кои ги остава Ковид-19, ова се одредени ефекти кои се повторуваат кај голем број пациенти. Последиците можат да бидат привремени или трајни, објаснува Лумани, додавајќи дека може да дојде и до психички последици.

„Имаме луѓе кои запаѓаат во лоша психолошка состојба, анксиозност, депресија, на кои им е потребен субспецијалистички третман за да се излекуваат. Не станува збор за поединец, проблемот е масивен. Прилично голем број луѓе имаат емоционално-психички последици“, додаде Седат Лимани.

Медицинските наоди од целиот свет досега откриле дека типични симптоми кај околу 35% од заразени пациенти со коронавирус, по акутната фаза се замор, болка во градите и кашлица. Покрај физичките проблеми, доста пациенти се соочуваат и со анксиозност, депресија и слични симптоми со посттрауматско стресно нарушување. Некои симптоми исчезнуваат брзо, по 2-4 недели, а некои пак можат да бидат присутни и од 4 до 6 месеци. Симптомите се третираат со терапија, зависно од органот кој е зафатен.