Забрана за движење на товарни возила на неколку патни правци низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради врнежи од снег и намалена видливост, одлучено е да се воведе забрана за товарни возила на неколку патни правци.

„Од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово, велат од АМСМ. Од 12:15 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните праци Охрид – Кичево (Пресека) и Кичево – Гостивар“, велат од АМСМ.

Од АМСАМ додаваад дека поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Оваа мерка се донесува со цел да се обезбеди безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи снежните услови ги прават патот и преминот опасни за товарни возила.