Наместо по 21 часот, Владата донесе нова одлука. Во текот на целиот ден се забранува групирање на јавни површини на повеќе од четири лица.
„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, велат од Владата на РСМ.
