Стапката на задолженост во корпоративниот сектор во Македонија лани се зголеми на 70,6% од БДП (во споредба со 69,8% во претходната година), пишува Блумберг Адрија.
Според нив, новиот извештај на НБРМ за финансиска стабилност покажува дека иако е под критичниот праг на ранливост, стапката ја надминува просечната задолженост од последните десет години.
Со оглед на тоа што 31,5% од корпоративните субјекти работеле со загуба (во споредба со 31,9% во претходната година), се поставува прашањето какви трендови ќе се јават во задолженоста на македонските компании во 2024 година, како и какво влијание може да има релаксирањето на монетарната политика на стапката на задолженост и на резултатите на корпоративниот сектор.
Народната банка известува дека, согласно со најновите податоци, стапката на задолженост на корпоративниот сектор продолжува да расте и во првата половина на 2024 година. Овој тренд е особено резултат на зголеменото задолжување преку финансии од странство, односно поради растот на надворешниот долг.
„Притоа, треба да се има предвид дека најголемиот дел од надворешниот долг на корпоративниот сектор се однесува на меѓукомпаниско задолжување од поврзани субјекти и на трговските кредити како инструмент за финансирање на трговската размена којшто вообичаено е бескаматен, кои по својата природа претставуваат релативно помалку ризични облици на долг“, објаснуваат од Народната банка.
Целиот текст можете да го причитате ТУКА.
