Заев: „Доаѓа време на ред, правда и дисциплина“, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на улица: „Оваа влада ќе има најкраток мандат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доаѓа време на ред правда и дисциплина, време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правото“вети мандатарот Зоран Зоран пред пратениците образложувајќи ја програмата на Владата, Најави една милијарда евра странски инвестиции и намалување на стапката на невработеност по кризата по 3 проценти годишно со конечна цел едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот. Заев најави и амбициозна временска рамка за отворање и затворање на преговарачката поглавја со ЕУ и ги повика домашните компании да учествуваат на пазарот на тендери на НАТО кој вреди 4 милијарди.

Следуваше аплауз, но и „уаа“.

Но седницата започна со бурна реакција од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој реагираше дека осум од пратениците се со неверификувани мандати, оние кои влегоа на местата на пратениците кои стануваат министри.

„Морам да укажам дека во моментов во оваа сала имаме осум пратеници коишто немаат легитимитет, ниту на легален начин им се верификуваше мандатот“, рече Јанушев.

Претседателот Талат Џафери го повика Јанушев да го прочита Деловникот, и му порача дека партиите се одговорни што два месеци не ги свикале работните групи.Репликите продолжија и со пратеничката Силјановска Дафкова која го искара Џафери зошто доцнел, тој и врати дека не бил вреќа за удирање.

„Што се однесува до моето доцнење почитувана пратеничке, Претседателот на Собранието дојде 15 до 9 и доколку планирате дека е неработен ден, и за претседателот е неработен ден“, изјави Џафери.

Голем дел од дебатата се одвиваше меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ а за тоа реагираше АА.

Опозицијата со критики , најави рушење на Владата преку масовни демонстрации. Изборот на министрите и Владата на Зоран Заев треба да се случи до утре на полноќ.