Премиерот Зоран Заев, на обраќањето денеска по Економскиот форум во Скопје, уште еднаш искажа разочараност од најновата блокада на Бугарија. Тој кажа дека тоа е проблем на цела Европа.
„Европа има проблем. Проблем е самата ЕУ. Брисел ни порача дека не најде начин да ја достави заслужената интеграција на Западен Балкан. Тоа што земјите членки не успеваат да спречат блокада од една земја членка. Тоа е проблем на Европа.“, вели Заев.
Премиерот напомена дека на истиот пат се наоѓаат и Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.
„Но не сме сами. Албанскиот народ има пред себе ист пат. Имаме иста визија, тоа се европските полтиики. Не запираме, а знаеме дека на патот се Србија, Косово, БИХ, Црна Гора. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе ги тргне блокадите или не“, кажа премиерот Заев.
Тој истакна дека со премиерот Рама денеска ќе најават дека уште повеќе ќе се зближат двете земји.
