Заев: Има извори за дополнителни приходи во буџетот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 4.000 оздравени од КОВИД-19 за два дена, во моментов активни 12.635 случаи

Бројот на оздравени пациенти од КОВИД-19 во последните два дена е по над две илјади дневно, односно само за...

Без струја дел од корисниците од општините Карпош и Кисела вода

Корисниците од улиците Михаил и Евтихиј, Георги Димитров, Вера Јоциќ и Народни Херои, како и објектите на потегот од...

Банкнота од 20 долари се продава за повеќе од 57.000 – причината е повеќе од невообичаена

Поради грешка во печатењето, ретка банкнота од 20 долари со налепница на еквадорскиот производител на банана „Дел Монтеа“ во...

Сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност

Сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер....

Дневен хороскоп за понеделник (18. јануари 2021 година)

ОВЕН Работа: Фокусирани сте на комуникацијата, состаноци, разработки на идеи. Сите планови се врзани за иднината. Моменталната ситуација не ве...

Дополнителни извори на приходи во буџетот може да се обезбедат и од некои неефикасни државни компании и ресурси, преку јавно-приватни партнерства, концесии и слично, за што веќе имало интерес и се објавувало и пред кризата, рече премиерот Зоран Заев, посочувајќи ги државните Железници-Транспорт, Македонска пошта, Еурокомпозит, Тутунскиот комбинат-Прилеп, ресурсот Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино.

-Тоа може да биде 100 отсто, може да биде јавно приватно партнерство, државата да остане еден дел, дури и под концесија да се даде итн. Тоа е досега неефикасен ресурс во рацете на државата и треба да се стави во функција, рече Заев.

Не се само приходите што би се добиле, туку доминантно, рече,  заради тоа што се очекува да се зголемат и перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал. Како пример ја посочи Македонска пошта  која, посочи, не го држи трендот дури ни на регионот, а не на европските пошти.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности. Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка. Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме. Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс, рече премиерот.

Од  нив, рече, може да се обзебедат и квалитетни приходи. Тие се чекаат и од продажбата на земјоделското земјиште. Анализата покажува дека земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост, рече Заев, вреди повеќе од две милијарди евра. Од тоа се очекувамат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 година.

Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем, додаде премиерот.

Дополнителна мерка е легализацијата на возилата со странски таблички. Проценката е дека тоа може да донесе помеѓу 20 и 40 милиони евра приход на државата.

Заев рече дека се отвораат и авангардни дебати за декриминализација и легализација на марихуаната, за проекти од енергетијата и штедење на енергијата

Најави и намалување на даночната евазија, која според ММФ е 37 отсто што значи дека се губат милијарда и 400 милиони евра кои можат да се селат во буџетот.