„Аналитичарите од СДСМ правеа анкета преку релевантна агенција и јас не би коментирал поконкретно околу резултатите. Имаме шест отсто предност, а ако има анкета со предност на ВМРО ДПМНЕ тогаш тие би требало да сакаат избори“- посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизија Телма.
Високиот рејтинг на СДСМ, додаде тој, се должи на исправните економски мерки.
„Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот“- изјави Заев.
