Заев најави средба со Алијанса/Алтернатива – ќе се деблокира ли законот за државјанство?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен за средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го прашавме премиерот – дали ќе оствари средба и со албанските опозициски партии со оглед на тоа дека Алијанса/Алтернатива веќе подолго период поднесуваат илјадници амандмани да ги блокираат сите закони кои доаѓаат во законодавниот дом. Причина за тоа е што нивниот предлог закон за државјанство не е прифатлив ниту за СДСМ, ниту за ВМРО-ДПМНЕ.

-Да. Ќе се сретнам со Алијанса и Алтернатива следната седмица за решение на проблемот за граѓаните кои немаат државјанство-

Од Коалицијата Алијанса/Алтернатива велат дека нивните ставови се јасни. Отворени се за средба со премиерот Заев со цел изнаоѓање решение за граѓаните без државјанство.

-Нашите ставови во врска со државјанството се јасни и изнесени јавно на прес-конференцијата на претседателите на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, како и нашето политичко делување во врска со оваа тема. Блокада сѐ додека не блокираат нас. Секако дека сме отворени за разговор за да се изнајде достоинствено решение за оваа категорија граѓани.-соопштија од Алијанса/Алтернатива.

Откако македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Законот за државјанство предложен од АА-ААА, албанската опозиција со илјадници амандмани почна да го блокира секој закон на власта доставен во законодавниот дом. Вчера беше деблокиран Законот за финансиска помош за компаниите, откако ВМРО-ДПМНЕ обезбеди кворум за усвојување на потребата за овој закон. Сега постапката треба да помине во матичната комисија за финасирање и буџет. Доколку не се најде заеднички јазик за законот за државјанство, Алијанса/Алтернатива најавија дека ќе ја блокираат работата на оваа комисија. Спорно за останатите партии е членот на овој предлог закон со кој се предвидува државјанство да се добива со тројца сведоци. Сепак, од Алијанса/Алтернатива велат дека се подготвени за компромис.