Премиерот Заев со задоволство ќе се сретне и ќе разговара со пријателите. Изјавата на Заев доаѓа по онаа на бугарскиот премиер бугарскиот премиер Борисов .Тој во изјава со амбасадорите на земјите- членки на ЕУ и Швајцарската конфедерација кажал дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање и за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија но оти според Борисов тоа треба да го сакаат и да биде направено од двете страни.
„Бугарија е голем пријател и верувам дека ќе остане на таа линија. Република Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение на вака отворени прашања кои што постојат. Ние не сме многу далеку од договорот ние само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирано иднината пред нас“, посочи Зоран Заев.
Заев е уверен дека таква средба со неговиот бугарски колега ќе се случи на вториот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи во декември. Времето кое дотогаш останува, според Заев ќе биде извонредна можност , која како што рече треба паметно да ја искористат и двете страни. Некои медиуми во Бугарија и дома веќе ја изнесоа информацијата дека бугарското МНР има излезено со тврдења за низа прекршувања на Договорот за добрососедство .Меѓу нив било и различното толкување на терминот заедничка историја во документи. Македонскиот премиер пак оптимист дека работите стојат добро, пред се поради тоа што Бугарија го признава македонскиот јазик и идентитет. Вели не станува збор за никакви отстапки кои би се направиле од наша страна.
„Не зборуваме за отстапки,се зборува за решенија. На двете страни постојат начини како тоа да се реши. Потенцираме дека драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија“, истакна Заев.
Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, вели и копретседавачот на македонскиот тим проф. Драги Ѓоргиев во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија. „Европа“. Најави дека следниот состанок на заедничката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.
Во врска со македонско бугарските бизнис односи ,премиерот Заев беше дециден. Рече дека тие се извонредни. Жалам што трговијата е опадната насекаде во светот па така е и со билатералната соработка меѓу двете земји но перспективите се одлични, истакна Заев по настапот на Македонскиот Енергетски Форум.
