Заев по сведочењето за „Монструм“: Верувам дека ќе помогнам да се расветли случајот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев, екс премиерот денеска беше во судница каде даваше исказ како сведок за случајот „Монструм“. Тој во минатото рече дека поседува разговори во овој случај, а на барање на родителите даваше исказ.

„Реков дека се што поседувам, е предадено во Обвинителството. Истрагата ќе покаже дали обвинетите се невини, виновни… Ако го кажам јас тоа, ќе испадне дека јас носам пресуди. За мене е добро што се отвори повторно истрага, пред будното око на целата јавност. Вината треба да биде потврдена, или невиноста да биде потврдена. Но, целата вистина треба да биде обелоденета. Верувам во судството затоа што сега е независно, и се тече транспарентно. Верувам дека преку моето сведочење ќе помогнам да се расветли случајот“, рече Заев.