Заев: Поплаките за еколошката такса не држат вода, АА-ААА со реакција против владината одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поплаките за воведување еколошка такса од 3.5 за дериватите на нафта и бензин, според премиерот Зоран Заев не држат вода. Тој вели дека со ова се покажува решителноста на Владата за зелената агенда, а со дополнителната еколошка такса, Македонија ќе ја има најниската цена во регионот и нема да предизвика инфлацијата во земјава.

Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива смета дека поскапувањето на нафтените деривати за 3.5 денари е злоупотреба на екологијата за прикривање на неспособноста на актуелната Влада во менаџирање на буџетот.


Премиерот Заев ги повика граѓаните наместо автомобили, почесто да користат велосипеди, тротинети и електрични возила.